ПОЧЕТНА

БЛИЗНАЦИ
Нивната вродена отвореност и неусиленост им овозможува лесно да стапат во контакт со оние кои ги интересираат. Воопшто не се страмежливи и во состојба се да измислат бројни итроштиниза да бо дошло до прв состанок. Нивно значајно оружје при освојувањето е смеата: не само што во нивно друштво не е досадно, туку навистина човек слатко се смее на нивните шеги. Со нив нема неспретни и насилни движења, нема молчење кога погледите се избегнуваат. Не треба да се верува во нивното однесување од кое се заклучува дека не слушаат, а всушност тие се забележуваат и интуитивно погодуваат. На овие луѓе посебно не им се брза веднаш да дојдат до својата цел, чувствуваат ако оној другиот не се согласува или не е спремен. Тоа најмалку ги обесхрабрува, уште повеќе ќе дотури масло на нивната (вродена) радозналост. Може многу лесно да се случи во прво време да се задоволат со улогата на другар или довереник, така што на крајот стануваат многу блиски и ... Во други случаи тие освојуваат со својата смелост, со својата младешка отвореност: ќе ви кажат “јас ве сакам, јас ве посакувам” - пред стотина луѓе. А бидејќи такво нешто не се случува секој ден и бидејќи работата веќе станала јавна, вие сте освоени, дури иако тоа не е многу разумно. Но Близнаците имаат илјада други начини да се допаднат, играјќи ја едноставно улогата која одговара на ситуацијата; од рамнодушност до страст, тие импровизираат според своето чуство, а чувството многу често им е добро.